weaken - онтологија

ветрее повеќе

ветреат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ветрее) Умствено слабее, опаѓа.
Албански: tretet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Стариот од ден на ден сѐ повеќе се ветрееше.

занеможе повеќе

занеможат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане немоќен, бессилен, се разболи.
Примери:
Тој одеднаш занеможел и легнал в постела.

заслаби повеќе

заслабат
Вид збор: Глагол, свршен
Малку ослаби.
Албански: dobësoj pak
Примери:
Ми заслаби видот.

исуши повеќе

Види и: суши (несв.)
исушат
Вид збор: Глагол, свршен
(се исуши) Стане слаб, ослаби.
Албански: dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се исуши од грижи.

обессили повеќе

обессилат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе сила некому, измори, изнемошти некого.
Албански: çfuqizoj, dobësoj
Примери:
Тој уште со првиот удар го обессили противникот.

опадне повеќе

опаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби здравствено, изгуби сила.
Примери:
Снагата ја загуби некогашната сила - опадна.
Ослабне финансиски, осиромаши.
Примери:
Откако тој замина од фирмата, тие многу опаднаа.

ослаби повеќе

ослабат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане физички слаб.
Албански: dobsua
Примери:
Јас пак, за тие дваесет дена, колку што седев во болницата, исто толку кила ослабев.
Му се намали јачина, острина на некој осет (вид, слух).
Албански: dobësoj
Примери:
На дедо ми му ослабе видот последниве две години.
Направи некого или нешто да стане слабо.
Албански: dobësoj
Примери:
Операцијата го ослаби многу и тој тешко закрепнуваше.

ослабне повеќе

Види и: ослаби (св.)
ослабнат
Вид збор: Глагол, свршен
ослаби

отсече повеќе

Види и: сече (несв.)
отсечат
Вид збор: Глагол, свршен
(се отсече) Изгуби сила и сл.
Албански: prehem, humb fuqi
Употреба: Преносно значење
Примери:
Рацете и нозете ми се отсекоа кога ми кажаа за татко ми.

папса повеќе

папсаат
Вид збор: Глагол, свршен
(непреод.) спласнува, ослабува, се смирува
Албански: dobësohem
Примери:
Папса морето.

подзаслаби повеќе

Види и: заслаби (св.)
подзаслабат
Вид збор: Глагол, свршен
Малку заслаби физички, донекаде.
Албански: dobësoj
Примери:
Од операцијата момчето подзаслаби, не може да стои на нозе.

подослаби повеќе

Види и: ослаби (св.)
подослабат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане послаб по јачина, острина во некоја мера, донекаде.
Албански: dobësohet
Примери:
Со време слухот му подослабе.
Направи нешто или некој да стане слаб, послаб во некоја мера.
Албански: dobësohet
Примери:
Ваквата политика кадровски ги подослаби институциите во културата.

поопадне повеќе

Види и: опадне (св.)
поопаднат
Вид збор: Глагол, свршен
Ослаби здравствено, изгуби сила.
Примери:
По извесно време тој поопадна.

поослаби повеќе

Види и: ослаби (св.)
поослабат
Вид збор: Глагол, свршен
Загуби донекаде острина.
Албански: dobësoj
Примери:
Со годините видот му поослабе.
Се намали донекаде во силата, во степенот на појавување.
Албански: dobësoj
Ослаби, попушти донекаде.
Албански: dobësoj
Примери:
Нивните врски поослабеа.
Ослаби, намали донекаде силина на некого или на нешто.
Албански: dobësoj
Примери:
Несогласиците ја поослабија нашата организација.

попушти повеќе

попуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане физички послаб, изгуби свежина.
Албански: vyshket
Примери:
Со годините ослабел, побелел, попуштил.

поткоси повеќе

поткосат
Вид збор: Глагол, свршен
Одземе сила.
Албански: dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тажната вест го поткоси, ништо не рече.
(се поткоси) Изгуби сила.
Албански: dobësoj
Примери:
Нозете му се поткосија од страв.

поткуси повеќе

поткусат
Вид збор: Глагол, свршен
(се поткуси) Изгуби сила.
Албански: ligështohem, shkurtohem
Примери:
Пламчето во огнот се поткуси.

потроши повеќе

потрошат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби сила, физички ослабе.
Албански: harxhoj, dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Си ја потрошив снагата.

прекине повеќе

прекине
Вид збор: Глагол, свршен
(се прекине) Изгуби сила, снеможе.
Албански: këput
Примери:
Снагата ми се прекина кога го видов таков.

пресече повеќе

Види и: сече (несв.)
пресечат
Вид збор: Глагол, свршен
Изгуби сила, премали од страв, возбуда и сл.
Албански: dobësoj
Примери:
Му се пресекоа нозете.

проретчи повеќе

проретчат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане поредок.
Албански: më i rrallë
Примери:
Трската проретчи.

разводни повеќе

разводнат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи содржината на нешто да стане помалу изразна, побледа.
Албански: zbeh
Употреба: Преносно значење
Примери:
Во неговиот план ударот не се разводни.

раскашави повеќе

раскашават
Вид збор: Глагол, свршен
Загуби од цврстината.
Албански: bëhet qull
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа може само да ги раскашави борците.

расклати повеќе

расклатат
Вид збор: Глагол, свршен
(се расклати) Ослаби, попушти; за здравје - се растрои.
Албански: dobësoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се расклати дисциплината.

слабее повеќе

слабеат
Вид збор: Глагол, несвршен
Станува слаб или послаб.
Примери:
Слабее сѐ повеќе.

слабнее повеќе

Види и: слабее (несв.)
слабнеат
Вид збор: Глагол, несвршен
слабее

смекне повеќе

смекнат
Вид збор: Глагол, свршен
Претвори тврда согласка во мека, палатализира.
Албански: dobësoj
Употреба: Граматика
Примери:
Самогласката „е“ ќе ги смекне согласките „к, г, х“.
(се смекне) се палатализира
Албански: palatizoj
Употреба: Граматика
Примери:
Тврдите согласки се смекнале.

спласне повеќе

спласнат
Вид збор: Глагол, свршен
Загуби сила, ослаби.
Албански: dobësohet, pakësohet, bie
Примери:
Си спласнал нешто.

суши повеќе

сушат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави некого слаб.
Албански: terë, thaj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Болеста сè повеќе го сушеше.
(се суши) ослабува
Албански: thahet, dobësohet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Болеста ме скова на постела и сè повеќе се сушам.