поход
мн. походи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 3720
1.
Движење на војска за исполнување на воена задача, воени дејства, воена кампања.
Примери:
Походите на Александар Велики.
Војските тргнаа во поход.
2.
Организирано дејствување.
Примери:
Владата реши да оди во поход по странски инвестиции.
Нивниот пречат организираше вистински поход против нас.
Слично со:
кампања (ж.)
3.
Организирано одење, поаѓање некаде; организирана обиколка или посета на нешто.
Примери:
поход на планина
туристички поход
Слично со:
поаѓање (ср.)