а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

појава

мн. појави
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1541
1. Стварност, реалност, нешто што може да го сетиме, да го издвоиме или да го опишеме.
Англиски: appearance Албански: dukuri
Примери:
природна појава
јазични појави
2. Феномен, редок настан.
Англиски: phenomenon Албански: dukuri fenomen
Примери:
ретка појава
исклучителна појава
впечатлива појава
3. Настан, случување во секојдневниот или во општествениот живот.
Англиски: event Албански: ngjarje
Примери:
секојдневна појава
вообичаена појава
општествено-историска појава
4. Фигура, облик или изглед на телото.
Англиски: appearance Албански: figurë, pamje e jashtme
Примери:
Нејзината нежна појава ги восхити сите.
Неговата појава вознемирува.
5. Во театарска претстава дел од чин во кој не се менуваат актерите на сцената.
Англиски: appearance Албански: shfaqje, dukje, paraqitje
Употреба: Сцена
6. појавување
Англиски: appearance Албански: paraqitje, shfaje
Примери:
Појавата на романтизмот.
Појавата на македонските учебници.