појава
мн. појави
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1541
1.
Стварност, реалност, нешто што може да го сетиме, да го издвоиме или да го опишеме.
Англиски:
appearance
Албански:
dukuri
природна појава
јазични појави
2.
Феномен, редок настан.
Англиски:
phenomenon
Албански:
dukuri fenomen
ретка појава
исклучителна појава
впечатлива појава
Слично со:
феномен (м.)
3.
Настан, случување во секојдневниот или во општествениот живот.
Примери:
секојдневна појава
вообичаена појава
општествено-историска појава
Слично со:
настан (м.)
4.
Фигура, облик или изглед на телото.
Англиски:
appearance
Албански:
figurë, pamje e jashtme
Нејзината нежна појава ги восхити сите.
Неговата појава вознемирува.
Слично со:
фигура (ж.)
5.
Во театарска претстава дел од чин во кој не се менуваат актерите на сцената.
6.
појавување
Англиски:
appearance
Албански:
paraqitje, shfaje
Појавата на романтизмот.
Појавата на македонските учебници.