појави
појават; појавил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 975
1.
Јавно покаже, прикаже нешто.
Примери:
Тогаш го појави својот најскап накит.
Спротивно од:
сокрие (св.)
2.
(се појави) се јави, се покаже
Примери:
Од куќата се појави една жена.
На небото се појавија авиони.
Во очите на детето се појавија солзи.
На небото се појави виножито.
Спротивно од:
исчезне (св.)
3.
(се појави) Настане, се создаде.
Примери:
Во градот се појавила чума.
Во градинката се појавиле вошки.
Меѓу децата се појави нова игра.
4.
(се појави) Излезе нешто во јавност, се отпечати, се објави.
Примери:
Списанието се појави пред еден месец.
Неговите фотографии се појавија во сите дневни весници.
Слично со:
објави (св.)
5.
(се појави) никне, се зароди
Примери:
Првите цветови се појавија рано пред да дојде пролетта.
Во уметноста се појавија определени стилови на нови автори.
Слично со:
зароди (св.)
Изведенки
1.
појавува несв.
(се) појавуваат
(се) појавуваат
2.
појавување ср.
глаг. им.
глаг. им.