а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

објави

објават; објавам; објавил; објавен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2762
1. Разгласи нешто, огласи, соопшти нешто некому.
Англиски: announce Албански: shpall
Примери:
Премиерот објави предвремени избори.
Сите весници објавија коментари за протестниот собир.
2. Публикува, издаде, отпечати нешто.
Англиски: publish Албански: publikon
Примери:
Оваа издавачка куќа објави поголем број дела од домашни автори.
Во текот на оваа година, тој објави две збирки поезија.
3. Со официјален акт извести за почетокот на некакво дејство, состојба, положба.
Англиски: declare Албански: deklaron
Примери:
Двете завојувани страни објавија примирје.
Власта објави општа мобилизација.
4. Даде официјално соопштение, потврда за нешто.
Англиски: announce Албански: shpall
Примери:
Тој објави дека предлогот е едногласно усвоен.
Лекарот објави дека постигнал успеси во лекувањето со новиот лек.
Изведенки
1. објавува несв.
објавуваат
2. објавување ср.
глаг. им.