а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прв

први
Вид збор: Придавка
Ранг: 110
1. (редна, бројна придавка кон бројот еден) Што е почетен, што е во набројувањето или во редот пред сите други.
Англиски: first Албански: i parë
Употреба: Спорт
Примери:
Прва светска војна.
прв ред
прв кат
прва песна
прво издание
2. Што е најблизок, што се наоѓа во непосредна близина.
Англиски: closest Албански: më së afërmi
Примери:
Тој ми е прв сосед.
Седнаа пред првото дрво.
Влегоа во првото такси.
3. Што е најблизок во однос на она што допрва треба да дојде, да се случи во иднина.
Англиски: first Албански: së pari
Примери:
Ќе се видиме првата недела од месецот.
Ќе заминам штом ми се пружи првата шанса за бегство.
4. Што е најблизок во однос на она што веќе се случило во минатото.
Англиски: first Албански: në fillim
Примери:
Тој замина на печалба првата есен по свадбата.
Во првите години од бракот, тие добро се согласуваа.
5. Што се јавува како почеток на нешто, како почетна фаза во развојот на нешто.
Англиски: first Албански: së pari
Примери:
Не можеше да стигне дома до првиот мрак.
Се појавија првите сончеви зраци.
Први реформи во образованието.
прв капитал
6. За природни појави, растенија, животни - што се појавува најрано, за првпат во годината.
Англиски: early Албански: herët
Примери:
прв снег
први јагоди
први цвеќиња
први петли
7. Што е главен, што е од голема важност, значење.
Англиски: main Албански: kryesor
Примери:
прв другар
прва задача
прва лига
прва награда
8. Што не е претходно испитан, доживеан, искусен, пред кој нема друг.
Англиски: first Албански: i parë
Примери:
прва љубов
прво чедо
прв пролетен ден
9. Што е најдобар, што е пред другите според слава, власт, богатство и сл.
Англиски: best Албански: më i mirë
Примери:
Прв ученик во класот.
Прв човек во владата.
Прв домаќин во селото.
10. Што се однесува на лице или предмет претходно споменато при усно или писмено изразување.
Англиски: first Албански: i parë
Примери:
Првиот беше учител, а вториот ученик.
Првото јаболко беше благо, а второто кисело.
Изрази
Прв(и) чекор(и) - почеток, почетен период во животот, работата и сл.
Од прва рака - од директен, сигурен извор.
Прва помош - (мед.) помош што се дава на повредено лице пред да дојде лекар.
Прва класа - со најдобар квалитет.
Први зори - рано изутрина.
Свири прва виолина - (прен.) за тој што е најважен, највлијателен во некоја работа, средина.
Во прв ред - пред сè.
Во прв план - за нешто што е најважно, што има најголемо значење.
Во прво време - од почетокот од нешто.
На прв поглед - бегло, одеднаш, привидно.
Љубов на прв проглед - чувство на заемна привлечност, љубов уште при првото среќавање.
Прво лице (грам.) - лицето што зборува.
Изведенки
1. прв бр.
2. први м.
Почетен ден во месецот.
Пример: Утре е први.