а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пре

Вид збор: Префикс
Ранг: 6245
1. Претставка за образување глаголи со насока на глаголското дејство преку или низ нешто, движење од едно место до друго, од една страна до друга.
Англиски: over
Примери:
пречекори, пребега
2. Претставка за образување глаголи со повторно извршување на дејството, често и на подруг начин, поинаку.
Англиски: over
Примери:
прекопа, прекрои
3. Претставка за образување глаголи со извршување на дејството над вообичаената мера, претерано, често и со непожелни последици.
Англиски: over
Примери:
презрее, пресоли
4. Претставка за образување глаголи со поделба на предмет, разделување на два или на повеќе делови.
Примери:
прекине, прекрши
5. Претставка за образување глаголи со опфаќање на предмет по обемот.
Примери:
прегрне, преврзе
6. Претставка за образување глаголи со интензивно, сеопфатно извршување на дејството.
Примери:
премрзне, препати
7. Претставка за образување глаголи со престанување на дејството.
Примери:
преболи, прежали
8. Претставка за образување придавки со значење највисок степен на тоа што го означуваат тие.
Примери:
пребогат, прескромен
9. Претставка за образување именки со значење средство (во напоредна употреба со претставката пра-).
Англиски: grand
Примери:
предедо, пребаба