а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пребара

пребараат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 14206
1. Избара, претресе сѐ за да најде некого или нешто.
Англиски: search Албански: kërkim
Примери:
Ја пребарав целата куќа по наочарите.
Полицијата ја пребара околината, но го најде детето.
2. Претресе некого барајќи нешто.
Англиски: scour Албански: bastis
Примери:
Војниците го пребараа момчето, но ништо не му најдоа.
3. Бара повторно, уште еднаш.
Англиски: search again Албански: kërkon përsëri
Примери:
Овде барав еднаш, но ќе треба да пребарам.
4. (се пребара) Се претресе самиот себеси барајќи нешто.
Англиски: search himself Албански: bastis veten
Примери:
Пребарај сѐ, можеби ќе ги најдеш парите во некој џеб.