предлог
мн. предлози
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 1539
1.
Изложено мислење, препорака да се направи нешто, како да се реши нешто.
Примери:
Конкретен предлог.
Го прифатија предлогот.
Непристоен предлог.
Неочекуван предлог.
2.
Неменлив збор што се наоѓа пред именските зборови и изразува различни односи меѓу нив и другите зборови во реченицата.
Примери:
На, до, под, со и др.
Слично со:
препозиција (ж.)