презоба
презобаат
Вид збор: Глагол, свршен
1.
За коњ, магаре, маска - назоба премногу, повеќе отколку што треба.
Албански:
ushqen tepër me tagji
Заборавија на коњите и ги презобаа.
2.
За човек - прејаде зрнест плод.
Примери:
Ги презобав старците грозје.
3.
(се презоба) Се назоба премногу, повеќе отколку што треба.
Албански:
ngrënë tepër tagji
Коњот се презобал.
4.
(се презоба) Се прејаде зрнест плод.
Англиски:
nibble
Албански:
ngopet me fruta kokrash
Се презобав црници.
Изведенки
1.
презобува несв.
(се) презобуваат
(се) презобуваат
2.
презобување ср.
глаг. им.
глаг. им.