а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

преклопи

преклопат; преклопил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 26976
1. Стави преклопка на нешто, покрие, заклопи.
Англиски: cover Албански: mbuloj me kapak
Примери:
Сите прозорци ги преклопија со капаци.
2. Затвори, заклопи нешто.
Англиски: close Албански: mbyll
Примери:
Ја преклопи книгата и ја остави на масата.
Ги преклопи очите и заспа.
3. (се преклопи) се затвори, се заклопи
Англиски: close Албански: mbyll, mbuloj
Примери:
Портата се преклопи зад него.
4. (се преклопи) се совпадне, се поистовети
Англиски: coincide Албански: përkoj, përputhet
Примери:
Им се преклопија мислењата за многу прашања.
Изведенки
1. преклопува несв.
(се) преклопуваат
2. преклопување ср.
глаг. им.