преколне
Види и:
колне (несв.)
преколнат; преколни, преколнете; преколнав, преколнаа; преколнал, преколнат; (ќе) преколнев, (ќе) преколнеа; (ќе) преколнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 50909
1.
Колне, каже клетва за некого или за нешто.
Примери:
Го преколнал аир да не види од ништо.
Ја преколнала во најмилото.
2.
Заколне, замоли со клетва некого за нешто.
Примери:
Ја преколна девојката да не го остава.
Го преколна поскоро да си дојде дома.
Слично со:
замоли (св.)
3.
Даде клетва.
Примери:
Како си клетва преколна, / ...до три години не дојде.
4.
Проколне некого или нешто.
Примери:
Ја преколна лошата судбина.
5.
(се преколне) Се заколне во нешто.
Примери:
Се преколна во Бога дека ќе ја кажува вистината.
6.
(се преколне) Се проколне себеси.
Примери:
Се преколнав дека ќе ја исполнам неговата последна желба.
Изведенки
1.
преколнува несв.
(се) преколнуваат
(се) преколнуваат
2.
преколнување ср.
глаг. им.
глаг. им.