прекрсти
прекрстат; прекрстил; прекрстен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2573
1.
Стави на крст рака, нозе.
Примери:
Седна и ги прекрсти нозете.
Ги прекрсти рацете.
2.
Направи знак во форма на крст над некого или над нешто.
Примери:
Откако ја прекрсти трпезата, сите седнаа.
Ги прекрсти децата и ги благослови.
3.
Створи да мине некој од една во христијанска вера; прими христијанска вера со обред.
Примери:
Ги прекрстија сите од селото во христијани.
На старост го прекрстија христијанин.
Слично со:
покрсти (св.)
4.
Промени, смени име на некого или на нешто.
Примери:
Ја прекстија земјата од Бурма во Мијанмар.
Ја прекрсти ќерката од Невена во Елена.
5.
(се прекрсти) Направи крст со рацете, како обреден чин.
Примери:
Се прекрстија пред иконата.
Се прекрсти и си легна.
6.
(се прекрсти) Премине во христијанска религија.
Примери:
Се прекрстил во христијанска вера пред една година.
7.
(се прекрсти) Се преименува, си смени име.
Примери:
Се прекрстил од Мошо во Тошо.
Слично со:
преименува (св. и несв.)
Изведенки
1.
прекрстува несв.
(се) прекрстуваат
(се) прекрстуваат
2.
прекрстување ср.
мн. прекрстувања
глаг. им.
мн. прекрстувања
глаг. им.