преку
Вид збор: Предлог
Ранг: 340
1.
Пространствено значење: положба од другата страна.
Англиски:
across
Ќе ги косиме ливадите преку река.
Најдобрите пасишта се преку Вардар.
Слично со:
отаде (прил.)
2.
Движење, преминување од една на друга страна од нешто.
Англиски:
via
Покусиот пат до Струмица води преку Огражден.
Ќе се префрли во Албанија преку езерото.
3.
Движењето од внатрешниот дел на нешто кон надвор.
Англиски:
through
Касата ја изнел преку помошниот влез.
Морале да скокнат преку прозорец за да се спасат.
4.
Простирање по некоја површина.
Англиски:
over
Се покрив со јорганот преку глава и така сум заспал.
Добро е да си носиш појас преку половината.
5.
Време во текот на кое се врши дејството.
Англиски:
during
Ноќе слегуваше во селото, а преку ден се криеше во шумата.
Билјарките преку цело лето не се прибраа дома.
6.
Посредство, средство со чија помош се врши дејството.
Англиски:
through
Ти испратив порака преку еден доверлив човек.
Обраќањето ќе биде пренесувано преку телевизија.
8.
Повеќе во однос на нешто, над некоја граница.
Англиски:
over
За поправка морам да платам преку илјада денари.
Најверојатно летот ќе трае преку три часа.
9.
Пренебрегнување, необѕирање, заобиколување и сл.
Англиски:
over
Таа премина преку навредата и не рече ни збор.
Изрази
Преку глава (ми е дојдено) - не можам веќе да издржам, веќе ми е смачено.
Преку леб погача - алчност, неодмерност во нешто.
Преку девет дола вода - многу далеку, тешко достижно.