преметне
преметнат; преметни, преметнете, преметнав, преметнаа, преметнал, преметнат, (ќе) преметнев, (ќе) преметнеа, (ќе) преметнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 19026
1.
Фрли нешто преку нешто.
Англиски:
throw over
Албански:
hedh përtsipër
Преметни ја чантата преку столот!
Слично со:
префрли (св.)
2.
Немарно префрли врз нешто.
Англиски:
throw over
Албански:
hedh mbi supe
Го преметна џемперот преку рамо.
3.
Преврти, разбуричка, растури нешто.
Англиски:
jumble up
Албански:
tollovit, përziej
Децата сѐ ми преметнале низ дома.
Слично со:
разбуричка (св.)
4.
(се преметне) Скокне, се префрли преку нешто.
Англиски:
jump over
Албански:
kërcen, hidhet mbi
Се преметна преку оградата.
Слично со:
прескокне (св.)
Изведенки
1.
преметнува несв.
(се) преметнуваат
(се) преметнуваат
2.
преметнување ср.
глаг. им.
глаг. им.