а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

препише

препишат; препиши, препишете; препишав, препишам, препишаа; препишал; препишан; (ќе) препишев, (ќе) препишеа; (ќе) препишел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7190
1. Повторно напише некој текст.
Англиски: copy Албански: përshkruaj, kopjoj
Примери:
Учениците ги препишаа задачите од таблата.
2. Напише текст, реши задача, текст (на испит) гледајќи од друг.
Англиски: crib Албански: përshkruaj, kopjoj
Употреба: Образование
3. Одреди, пропише лек или начин на лечење болест.
Англиски: prescribe Албански: parashkruaj, caktoj
Употреба: Медицина
Примери:
Му препишаа инјекции за колената.
4. Со писмена изјава префрли сопственост.
Англиски: transfer Албански: përshkruaj, transferoj
Употреба: Правда
Примери:
Во тестаментот имотот му го препиша на синот.
Му ја препиша сета стока на момчето.
Изведенки
1. препишува несв.
препишуваат
2. препишување ср.
глаг. им.