а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пресретне

пресретнат; пресретни, пресретнете; пресретнав, пресретнаа; пресретнал; (ќе) пресретнев, (ќе) пресретнеа; (ќе) пресретнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5032
1. Излезе, се појави спроти некого.
Англиски: encounter, intercept Албански: takoj befas, përpjek
Примери:
Голем пес ги пресретна среде дворот.
Тој ни раскажа дека на патот го пресретнале потерџии.
2. Наиде на некого или нешто, сретне.
Англиски: meet Албански: takon, përpjek dikend
Примери:
Одејќи по ридот нагоре, пресретна дрвар со натоварено магаре.
3. дочека, пречека, прими
Англиски: receive Албански: prit, pranoj
Примери:
Родителите мојата желба ја пресретнаа со строга зачуденост.
Кога стаса дома, мајка му го пресретна со плачење.
Изведенки
1. пресретнува несв.
пресретнуваат
2. пресретнување ср.
глаг. им.