а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

престои

престојат; престој, престојте; престојав, престојаа, престоив, престоија; престојал, престоил; престојан, престоен; престоев, престоеја; престоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 24112
1. Помине некое време во стоење.
Англиски: stand Албански: qëndroj
Примери:
Цела ноќ ја престои на прозорецот, чекајќи ги.
2. Стои подолго од потребното.
Англиски: stand Албански: qëndroj
Примери:
Ако дрвото престои во вода, ќе скапе.
3. Стои, остане онолку време колку што е потребно за да може да се користи.
Англиски: stand Албански: qëndroj, rri
Примери:
Овошјето со шеќерот треба цела ноќ да престои, а утредента да се свари.
Сирењето треба да престои во вода за да се отсоли.
4. Остане, се задржи некаде определено време.
Англиски: reside Албански: qëndroj, banoj
Употреба: Ретко
Примери:
Колку време престои кај нив во село?
Изведенки
1. престојува несв.
престојуваат
2. престојување ср.
глаг. им.