додржат
Вид збор: Глагол, свршен
(се додржи) Се одржи, истрае во некаква положба; издржи, истрае во нешто.
Примери:
Одвај се додржа на нозе.
достојат
Вид збор: Глагол, свршен
Стои до определено време, докрај.
Примери:
Достојав на нозете.
застанат
Вид збор: Глагол, свршен
Заземе определена позиција, положба, се постави на некаков начин.
Примери:
Тој застана на чело на бригадата.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да стои.
Албански:
fillon të qëndroj
Примери:
Детето застоја на девет месеци.
Вид збор: Глагол, свршен
застане, стапне
Примери:
Згазни убаво, со двете нозе.
издржат
Вид збор: Глагол, свршен
Се одржи, задоволи определени барања, критериуми.
Примери:
Неговиот прв роман не ја издржа критиката.
(се) настојат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине долго време во стоење.
Примери:
Се настојавме, чекајќи го возот.
настојуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поминува извесно време во стоење.
отстојат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во стоење.
Албански:
qëndroj në këmbë
Примери:
Отстојав еден час кај градскиот часовник, чекајќи те.
постојат
Вид збор: Глагол, свршен
Стои малку, кратко време на едно место.
Примери:
Постојавме на скалилата некое време, како да се колебавме.
престојат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине некое време во стоење.
Примери:
Цела ноќ ја престои на прозорецот, чекајќи ги.
Стои подолго од потребното.
Примери:
Ако дрвото престои во вода, ќе скапе.
Стои, остане онолку време колку што е потребно за да може да се користи.
Примери:
Овошјето со шеќерот треба цела ноќ да престои, а утредента да се свари.
станат
Вид збор: Глагол, свршен
Застане на нозе, се исправи.
Примери:
Стана од столот.
стојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се наоѓа на нозе, исправен, не мрда од местото.
Српски:
стајати
Албански:
qëndroj
Бугарски:
стоя
Примери:
Стои под дрвото.
чекаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Стои, се наоѓа некаде дури да дојде некој или да стане нешто.
Примери:
Таа го чекала во собата.