а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

престори

престорат; престорил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 4239
1. Даде некому поинаков лик, преобрази, промени некого или нешто.
Англиски: turn Албански: kthej
Примери:
Животот во туѓина го престори, го направи друг човек.
Го заградија балконот и го престорија во соба.
2. се препознае
Албански: njoh
Употреба: Ретко
3. (се престори) Добие поприми некаков лик, се промени.
Англиски: turn Албански: ndryshoj
Примери:
Меѓата слезе меѓу две сливи и се престори во полски пат.
Шумата се престори во пусто место.
4. (се престори) Се покаже, се претстави поинаков отколку што е.
Англиски: pretend Албански: pretendoj
Примери:
Мајка свика по мене, но јас се престорив божем не ја чув и излегов.
5. (се престори) Во состав со именките „око, уво“ - сосема целосно се претвори во тоа што е искажано со именката.
Англиски: turn Албански: kthim
Примери:
Сиот се престори во уво.
Изведенки
1. престорува несв.
(се) престоруваат
2. престорување ср.
глаг. им.