пресуши
пресушат; пресушен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10179
1.
За река, езеро, вода - стане сув, безводен.
Примери:
Изворот пресуши и немаше вода за наводнување.
Водата во бунарот се смалила и пресушила.
Слично со:
пресекне (св.)
2.
За очи - изгуби влажност.
Примери:
Наеднаш солзите во очите пресушија.
3.
Исчезне, заврши, сопре.
Примери:
Во него зборовите така пресушија, што тој не успеа да прозбори повеќе.
Нашата сила е во народот и затоа никогаш не ќе пресуши.
Потоа фондовите пресушија и немаше капитал.
4.
Исуши повеќе од потребното.
Примери:
Најубавите дрва за горење се оние што не пресушиле.
Таа ги пресуши билките на сонце.
Слично со:
исуши (св.)
Изведенки
1.
пресушува несв.
(се) пресушуваат
(се) пресушуваат
2.
пресушување ср.
глаг. им.
глаг. им.