прета
претаат; претал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5685
1.
Расчепкува пепел и сл.
Примери:
Загледан во гламните преташе низ пепелта.
Слично со:
расчепкува (несв.)
2.
Прави брзи и кратки движења со телото (со рацете и нозете) за да се ослободи од нешто.
Примери:
Тој се бранеше, преташе, но немаше глас да вика помош.
Надвор коњите претаа со нозете.
Слично со:
прпелка (несв.)
3.
За кокошка - расчепкува по земја, буниште, гумно и сл.
Примери:
Квачката преташе во сувата земја под јаболкницата.
4.
Копка, тарашка барајќи нешто.
Примери:
Претаа по снегот и бараа гранки за огрев.
5.
Се противи, се бунтува.
Примери:
Ти колку и да преташ, ништо не можеш да сториш.
Изведенки
претање ср.
глаг. им.
глаг. им.