а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

прета

претаат; претал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5685
1. Расчепкува пепел и сл.
Англиски: scrape Албански: grij
Примери:
Загледан во гламните преташе низ пепелта.
2. Прави брзи и кратки движења со телото (со рацете и нозете) за да се ослободи од нешто.
Англиски: flutter Албански: valëvitet
Примери:
Тој се бранеше, преташе, но немаше глас да вика помош.
Надвор коњите претаа со нозете.
3. За кокошка - расчепкува по земја, буниште, гумно и сл.
Англиски: scrape Албански: grij
Примери:
Квачката преташе во сувата земја под јаболкницата.
4. Копка, тарашка барајќи нешто.
Англиски: scrape Албански: gropon
Примери:
Претаа по снегот и бараа гранки за огрев.
5. Се противи, се бунтува.
Англиски: resist Албански: rezistoj
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Ти колку и да преташ, ништо не можеш да сториш.
6. Дава знаци на живот.
Англиски: move Албански: lëviz
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Удираше по нив сѐ додека претаа.
Изведенки
претање ср.
глаг. им.