а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претвори

претворат; претворил, претвориле; претворен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1095
1. Промени нешто во нешто друго.
Англиски: change Албански: shëndroj
Примери:
Сите пари ги претвори во злато.
2. Даде некому поинаков лик, преобрази некого.
Англиски: turn Албански: shëndroj, kthej
Примери:
Тешкиот живот го претвори во злосторник.
3. (се претвори) Се промени во некој друг, нешто друго, стане поинаков.
Англиски: transform Албански: shëndroj, transformoj
Примери:
Се претвори во прав.
Ларвата се претвори во пеперуга.
4. (се претвори) Во состав со именките око, уво, и сл.
Англиски: turn Албански: shëndroj, transformoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа целата се претвори во уво.
Изведенки
1. претворува несв.
(се) претворуваат
2. претворување ср.
глаг. им.