а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

претресе

претресат; претреси, претресете; претресов, претресоа; претресол, претресле; претресев, претресеа; претресел; претресен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 10472
1. Изврши претрес на некого или нешто.
Англиски: search Албански: kontrolloj
Примери:
Ги претресоа автомобилите.
2. Разгледа детално, расправи, продискутира по некое прашање.
Англиски: discuss Албански: shtjelloj, shqyrtoj
Примери:
Ги претресоа сите точки од дневниот ред.
3. Разгледа докази на суд.
Англиски: hear Албански: dëgjoj
Употреба: Правда
4. Убаво истресе нешто.
Англиски: shake Албански: tund
Примери:
Ја претресов чантата.
Ги претресе чаршафите.
Изведенки
1. претресува несв.
претресуваат
2. претресување ср.
глаг. им.