беспокојат
Вид збор: Глагол, несвршен
Предизвикува неспокој.
Примери:
Покачувањето на цените ги беспокоеше луѓето.
Вид збор: Глагол, несвршен
вознемират
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика кај некого нервоза, немир, страв.
Примери:
Ги вознемирил луѓето со својата приказна.
(се вознемири) Стане немирен, неспокоен; се исплаши.
Примери:
Селаните се вознемирија од неговите зборови.
деранжираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
(се деранжира) Го наруши својот вообичаен начин на живот, се вознемири.
Албански:
deranzhoj, shqetësoj
Примери:
Од тоа се деранжира.
додеат
Вид збор: Глагол, свршен
Стане непријатен, неподнослив; почнува да пречи.
Албански:
pengon, shqetëson
Примери:
Веќе ми додеа да ги слушам нејзините лажни ветувања.
нарушат
Вид збор: Глагол, свршен
Прекине, попречи определена состојба што траела.
Примери:
Ја наруши рамнотежата на силите.
обеспокојат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи некој да биде неспокоен, вознемири некого.
Примери:
Лаежот на кучињата ги обеспокои селаните.
(се обеспокои) Стане неспокоен, вознемирен.
Примери:
Тој се обеспокои од веста што ја чу.
Вид збор: Глагол, свршен
Наруши малку, донекаде.
Примери:
Неговото доаѓање како да го понаруши редот.
престапат
Вид збор: Глагол, свршен
Наруши, навреди нешто (закон, ред).
пречат
Вид збор: Глагол, несвршен
Нарушува нечие спокојство, одвлекува внимание.
Примери:
Еве ги новинарите што ѝ пречат на власта.
разнебитат
Вид збор: Глагол, свршен
растрои, сосипе
Примери:
Го разнебити татка си.
(се разнебити) се растрои, се сосипе
Примери:
Се разнебитив од многу работа.
расипат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи непријатен, наруши, влоши.
Примери:
Не сака да си ги расипе односите.
растури, осуети
Примери:
Тој ни го расипа друштвото.
растројат
Вид збор: Глагол, свршен
(се растрои) Се наруши ред на нешто.
Примери:
Колоната од автомобили се растрои пред градот.
сакалдисаат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика некому немир, тегоба, изнервира.
Турски:
sıkılmak
Албански:
sakëlldis, shqetësoj
Употреба:
Разговорно
Примери:
Ако го сакалдисаш мајсторот, тешко тебе.
сматат
Вид збор: Глагол, свршен
Предизвика возбуда, расипе, наруши.
Албански:
turbulloj, shqetësoj
Примери:
Му го смати спокојството.
тежат
Вид збор: Глагол, несвршен
Пречи, причинува грижи или маки.
Примери:
Ако ти тежи оваа должност, ќе ти дадеме друга.