а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

придржи

придржат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13821
1. Потпре, поткрепи да не падне.
Англиски: support Албански: mbaj, mbështes
Примери:
Синот го придржа таткото да излезе од ординацијата.
2. Подржи малку, прифати да не падне.
Англиски: hold Албански: mbaj, mbështes
Примери:
Придржи ја ташнава да ја отворам вратата.
3. (се придржи) Се задржи малку, се потпре да не падне.
Англиски: catch Албански: mbahem, mbështetem
Примери:
Едвај се придржав со двете раце за оградата.