придуши
придушат; придушил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9224
1.
придави, задуши
Англиски:
silence,
muffle
Албански:
zë frymën, zabulloj
Детето го придуши малото кутре стегајќи го околу вратот.
2.
Оневозможи, попречи да се чуе или да се узнае нешто.
Примери:
Тој го придуши кивањето.
Децата ги придушија чекорите одејќи на прсти.
Слично со:
притаи (св.)
3.
Оневозможи, попречи нешто да се развива.
Англиски:
put down
Албански:
shuaj, pengoj
Тие го придушија востанието.
4.
Потисне чувство.
Англиски:
suppress
Албански:
shuaj, shtyp
Успеа да го придуши во себе сиот бес.
Изведенки
1.
придушува несв.
придушуваат
придушуваат
2.
придушување ср.
глаг. им.
глаг. им.