прикаже
прикажат; прикажам, прикажи, прикажете; прикажав, прикажаа; прикажал; прикажан; (ќе) прикажев, (ќе) прикажеа; (ќе) прикажел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3516
1.
Раскаже (усно или писмено), опширно изнесе, соопшти, опише нешто (случка, настан, доживување).
Примери:
Тој му прикажа на татка си за љубовта спрема девојката.
Секоја вечер му прикажуваше како му поминал денот.
Слично со:
раскаже (св.)
2.
Претстави, покаже, презентира (јавно, пред публика) нешто; даде оцена за нешто (филм, театарска претстава, нов производ).
Примери:
Издавачите ги прикажаа своите нови изданија на саемот.
Филмовите ќе ги прикажеме според следниов редослед.
3.
Даде оцена, објави приказ, рецензира нешто (книга, списание, уметничко дело).
Примери:
Списанието содржи и прикази на најновите изданија.
Слично со:
оцени (св.)
4.
(се прикаже) Се претстави некому, открие кој е, што е.
Примери:
Му се прикажал кој е и од каде е и излегло дека се подалечни роднини.
Слично со:
запознае (св.)
Изрази
Се прикажува (безл.) - многу се зборува (за некого, за нешто), се шират гласови.
Изведенки
1.
прикажува несв.
(се) прикажуваат
(се) прикажуваат
2.
прикажување ср.
глаг. им.
глаг. им.