причини
причинат; причинил; причинет
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7943
1.
Предизвика, стане причина за нешто, направи, стори нешто како повод.
Примери:
Поројните дождови им причинија големи штети на посевите.
Непланското работење причини целосно распаѓање на оваа стопанска гранка.
Невниманието на возачот причини голема материјална штета.
Слично со:
предизвика (св.)
2.
(се причини) Се пристори некому, се виде поинакво.
Примери:
Ми се причини како некој да дојде.
Слично со:
пристори (св.)
Изведенки
1.
причинува несв.
(се) причинуваат
(се) причинуваат
2.
причинување ср.