а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

другар

мн. другари
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 357
1. Лице поврзано со некого со блиски пријателски односи, со разбирање, доверба, дружење.
Англиски: friend Албански: mik
Примери:
Ти си ми најдобар другар.
2. Лице блиско со некого со заедничка работа или дејност, со еднакви услови за живот, со еднаква судбина и сл.
Англиски: companion Албански: shok
Примери:
другар од работа
другар од студии
школски другар
другар од војската
другар од затвор
Ни се зголеми друштвото со уште еден другар.
3. Збор за обраќање во комунистичка партија и во некои други политички организации.
Англиски: comrade Албански: shok
Употреба: Политика
4. Општ назив за обраќање (кон името, презимето, звањето) од времето на ослободителното движење и на социјалистичкото уредување (до 1990).
Англиски: comrade Албански: shok
Употреба: Историја , Разговорно
Примери:
Другарот Тито
5. сопруг
Англиски: spouse Албански: bashkëshort
Примери:
брачен другар
Изведенки
1. другарка ж.
мн. другарки
2. другарски прид.
другарскиот
Пример: другарски однос
3. другарски прил.
Пример: Другарски се спогодија.