а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

пријде

пријдат; пријди, пријдете; пријдов, пријдоа; пришол; (ќе) пријдов, (ќе) пријдеа; (ќе) пријдел; пријден
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2044
1. Со одење се приближи кон некого или нешто.
Англиски: approach Албански: afroj
Примери:
Обајцата му пријдоа сосем близу и го фатија под рака.
Пријде поблиску и погледна.
2. Се стави во однос кон некого или нешто.
Англиски: approach Албански: qasem
Примери:
Интересно е како пришол режисерот на овој драмски текст.
Треба со добро да му пријдеш, ако сакаш да постигнеш резултат.
3. Започне да работи, се фати со работа.
Англиски: start Албански: qasem
Примери:
Сега ќе пријдеме кон истражување на новите состојби.
4. Премине на нечија страна.
Англиски: join Албански: bashkanngjes
Употреба: Ретко
Примери:
Групата се зголеми откако им пријдоа неколку нови членови.
Изведенки
1. пријдува несв.
пријдуваат
2. пријдување ср.
глаг. им.
3. приоѓа несв.
приоѓаат
4. приоѓање ср.
глаг. им.