провлече
провлечат; провлечи, провлечете; провлеков, провлекоа; провлекол, провлекле; (ќе) провлечев, (ќе) провлечеа; (ќе) провлечел; провлечен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6333
1.
Пушти некого да се влече кратко време.
Албански:
tërhek
Детето се провлече на некој каиш низ собата.
2.
За некаква работа - ќе продолжи повеќе од вообичаеното.
Примери:
Тој ја провлече работата и сѐ пропадна.
Многу ја провлече песната.
Слично со:
завлече (св.)
3.
(се провлече) Се пробие низ луѓе, низ тесен отвор.
Англиски:
squeeze through
Албански:
depërtoj
Се провлече низ непријателскиот обрач.
Слично со:
провре (св.)
4.
(се провлече) Одвај успее во нешто незаслужено, без труд, без работа.
Примери:
Не учеше многу, но се провлече на испитот.
Пуста страв, мислиме дека ако нема закон за медиуми полесно ќе се провлечеме под стегите на власта.
5.
(се провлече) Се продолжи повеќе од вообичаеното.
Примери:
Се провлече долга ноќ, како да беа споени две ноќи.
Изведенки
1.
провлекува несв.
(се) провлекуваат
(се) провлекуваат
2.
провлекување ср.
глаг. им.
глаг. им.
3.
провлечува несв.
(се) провлечуваат
(се) провлечуваат
4.
провлечување ср.
глаг. им.
глаг. им.