провре
проврат; проври, проврете; проврев, провреа; проврел; проврен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8772
1.
Провлече низ тесен отвор.
Англиски:
squeeze through
Албански:
depërtoj
Детето ја провре главата меѓу решетките.
Слично со:
провлече (св.)
2.
За конец - вдене во игла.
Англиски:
squeeze through
Албански:
depërton, shtin, fut
Не гледаше без очила, не можеше да го провре конецот.
Слично со:
вдене (св.)
3.
(се провре) Се провлече низ тесен отвор; низ луѓе.
Англиски:
squeeze through
Албански:
shpërvillem
Успеа да се провре низ толпата.
Таа трчаше и одеднаш се провре низ густата шума.
4.
(се провре) Со тешкотии успее нешто да направи.
Примери:
Се провре во средното училиште и некако заврши.