пролета
пролетаат; пролетал
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12344
1.
Помине со летање.
Примери:
Една пеперутка пролета во градината.
Меѓу дрвјата пролета був.
2.
Брзо помине при движење.
Примери:
Како стрела пролета некаков автомобил.
Моторот пролета покрај нив.
Слично со:
помине (св.)
3.
За мисла - брзо помине.
Примери:
Му прелетаа секакви мисли во главата.
4.
За време - брзо помине.
Примери:
Пролета годината.
5.
Почне да лета, летне за прв пат.
Англиски:
start flying
Албански:
fluturoj
Малите ластовички сѐ уште не пролетале.
Изведенки
1.
пролетува несв.
пролетуваат
пролетуваат
2.
пролетување ср.
глаг. им.
глаг. им.