додадат
Вид збор: Глагол, свршен
Подаде, даде со подавање (обично во спортски игри со топка).
Албански:
pasim
Употреба:
Спорт
Примери:
Му додаде на левото крило.
достават
Вид збор: Глагол, свршен
Извести, јави, даде некаква информација.
Примери:
Некој предавник има доставено на полицијата дека се криеш овде.
дотераат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине извесен временски период.
Примери:
Така ќе дотера до зимата.
дофрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде, подаде со фрлање.
Примери:
Му ја дофрли топката на соиграчот.
заминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине покрај некого или нешто.
Примери:
Тој замина крај мене, но не ме виде.
Одмине, помине без да се задржи некаде, во некое место.
Албански:
kaloj, parakaloj
Примери:
Колоната од заробеници го замина селото.
За време - помине определен временски период.
Примери:
Пладне беше веќе заминато.
Вид збор: Глагол, несвршен
минува
Примери:
Земам пет километри на час.
изврват
Вид збор: Глагол, свршен
Врвејќи помине до последниот.
Примери:
Колоната изврве.
Врвејќи помине определено растојание или дојде до крај.
Примери:
Ја изврвевме нагорнината без запирање.
Помине определено време.
Примери:
Оваа недела одвај ми изврве.
изминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине одредено растојание, пат, дел од пат.
Примери:
Бригадата измина голем дел од патот.
За време - помине, одмине.
Примери:
Времето измина бргу, а тој не дојде.
изодат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине со одење (некој) пат, терен и сл.
Примери:
Селаните едвај го изодија патот од селото до градот.
испоминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине големо растојание.
Примери:
Од утрово до сега долг пат испоминав.
Вид збор: Глагол, свршен
За време - помине незабележено, направи низа од денови, месеци, години и др.
Примери:
Години се источкаа, а тој сѐ уште не доаѓа.
минат
Вид збор: Глагол, свршен
Се движи, врви, поминува покрај некого или нешто.
Примери:
Минавме покрај нејзината куќа.
За пат, патека - врви, поминува.
Примери:
Патот мине низ планината.
За време - поминува, завршува.
Примери:
Минаа годините.
За болест - заврши, помина.
Примери:
Мина настинката.
Преоѓа, преминува нешто од еден на друг.
Примери:
Мојот имот мина во негови раце.
Одмине, одминува, помине, поминува.
Примери:
Го минавме селото.
Се одвие, се одвива успешно.
Примери:
Добро мина на испитот.
Вид збор: Глагол, свршен
Помине - за група, повеќемина.
Албански:
kaloj, parakaloj
Примери:
Голема војска наврве по џадето.
нижат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се ниже) Се реди, оди, минува едно по друго.
Примери:
Се нижат дни и години.
одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За време, обично со заменката си.
Примери:
Треба да побрзаме, си оди времето.
одминат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине покрај некого или нешто без задржување.
Примери:
Автобусот не застана, ги одмина.
откачат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доста од предвидениот пат.
Примери:
Откачиле доста од селото.
пасираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Меле, прави каша особено за храна.
Германски:
passieren
Албански:
bluaj, grij, pasoj
Употреба:
Гастрономија
подадат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде од рака в рака некому нешто.
Примери:
Подај ми го чадорот.
Во фудбалот - со удар или на друг начин префрли топка до свој соиграч.
Албански:
pasoj
Употреба:
Спорт
Примери:
Тој е мојот омилен играч затоа што знае да подаде топка.
Вид збор: Глагол, свршен
Помине, мине временски период.
Примери:
Поистурна уште некоја година.
положат
Вид збор: Глагол, свршен
Даде испит, успешно одговори на прашањата на испит.
Албански:
kaloj, jap provim
Примери:
Одвај положив вториот пат.
поминат
Вид збор: Глагол, свршен
Мине низ нешто, покрај нешто или покрај некого.
Примери:
Помина по мостот.
Доживее, преживее определен временски период.
Примери:
Нејзината младост бргу помина.
Измине некој временски период, рок, годишно време и сл.
Примери:
Зимата бргу помина.
(обично несв.) врви, минува
Примери:
Патот поминува низ шума.
Направи неопределено движење со раката преку нешто.
Примери:
Агентот помина со рака преку влажното чело.
Мине, измине дел од определена содржина.
Примери:
Помина половина филм, а уште ништо значајно не се случило.
Изучи, совлада некаква материја, наставна програма и сл.
Албански:
kaloj, përsëris
Примери:
Пред испитот го помина материјалот уште еднаш.
Се јави и брзо исчезне (телесна дразба, осет, чувство, мисла).
Примери:
Една мисла му помина низ главата.
Е одобрен, примен, прифатен.
Примери:
Неговиот предлог не помина.
Се подложи на учење, школување, напредување во работата.
Примери:
Ги помина сите фази на школувањето во родниот град.
Успешен е во некоја работа.
Примери:
На испитот поминаа само двајца.
Покаже успех, заврши нешто со успех.
Примери:
На фестивалот помина нашиот кандидат.
Се пробие, мине низ нешто.
Албански:
kaloj, depërtoj
Примери:
Еден шрапнел ѝ поминал преку градите и ѝ го зел гласот.
поодминат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - помине, измине.
Примери:
Ноќта беше веќе доста поодминала кога се вратив дома.
предадат
Вид збор: Глагол, свршен
Пренесе, соопшти некому нешто.
Примери:
Сето свое искуство им го предаде на младите соработници.
прејдат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине, премине од една на друга страна.
Примери:
Карванот ја прејде реката.
преклонат
Вид збор: Глагол, свршен
За време - помине, одмине.
Примери:
Пладнето беше преклонило.
прекршат
Вид збор: Глагол, свршен
За човек - премине определена возраст, навлезе во поодминати години.
Примери:
Го прекрши половина живот.
За време - одмине, помине, дојде при крај.
Примери:
Пладнето одамна прекрши.
преминат
Вид збор: Глагол, свршен
Мине, помине од едната на другата страна на нешто.
Примери:
Ја премина улицата.
Помине нешто во сопственост од еден на друг.
Примери:
Имотот премина во рацете на синовите.
преседат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине, остане некаде извесно време.
Примери:
Тој ја преседе ноќта во еден бар.
претераат
Вид збор: Глагол, свршен
(се претера, само мн.) Помине едни по други, гонејќи се едни со други.
Примери:
Многу војски се претераа во нашава земја.
пролетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Брзо помине при движење.
Примери:
Како стрела пролета некаков автомобил.
пропуштат
Вид збор: Глагол, свршен
Пушти некого да влезе, да помине.
Примери:
Стражата го пропушти да влезе.
Вид збор: Глагол, свршен
За време, настан, случка - мине, помине.
течат
Вид збор: Глагол, несвршен
Поминува - обично за време.
Примери:
Младоста, животот тече.
точат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се точи) Минува во мноштво, се ниже, тече.
Албански:
rrjedh, toçitet
Примери:
Се точат гости.
уфрлат
Вид збор: Глагол, свршен
фрли, додаде
Албански:
shtoj, hudh
Употреба:
Спорт
Примери:
Ја уфрли топката пред голманот.
центрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Нафрли, нафрлува топка од крило во средината на игралиштето, пред гол.
Албански:
pasoj
Употреба:
Спорт
Примери:
Крилото лесно го минуваше бекот и убаво центрираше.