влечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Носи со својот тек, водотек.
Примери:
Реката влече дрвја и камења.
доносат
Вид збор: Глагол, свршен
Носи нешто до крај, додека требало или додека можело да се носи.
Албански:
bart, sjell, bie
Примери:
Вреќата беше претешка, одвај ја доносив до дома.
За жена - поднесе бременост до породување.
Примери:
Не го доноси детето и се породи предвреме.
Вид збор: Глагол, свршен
Навози, надонесе со возење многу, доволно, во голема количина.
Примери:
Денеска изнавозија снопови од нивата до гумното, утре ќе жнеат.
изнакреваат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, земе, понесе со себе нешто во голема количина.
Примери:
Луѓето изнакреваа од куќите сѐ што можеа да носат.
Вид збор: Глагол, свршен
Надонесе нешто во големо количество.
Примери:
Изнаноси суви гранки од планината.
накренат
Вид збор: Глагол, свршен
Крене, наземе многу нешта.
Примери:
Накренал и што треба и што не треба.
нанесат
Вид збор: Глагол, свршен
За вода, ветар - надонесе со себе, остави по себе нешто, направи нанос, намет.
Примери:
Реката нанесе многу песок по ливадите.
носат
Вид збор: Глагол, несвршен
Држејќи нешто, некого в рака, в раце или товарено на себе, оди за да го премеcти.
Примери:
Во едната рака носеше торба.
однесат
Вид збор: Глагол, свршен
Со носење пренесе, премести некого или нешто од едно на друго место.
Примери:
Однеси ги торбите во кујната.
За вода, ветар - со своето движење пренесе нешто од едно место на друго; одвлече, разурне, уништи.
Примери:
Надојдената река го однесе дрвеното мовче.
За мисла, ум - пренесе на некое место, настан итн.
Примери:
Сеќавањето го однесе во младоста.
Вид збор: Глагол, несвршен
понесат
Вид збор: Глагол, свршен
Тргна носејќи нешто со себе; земе за раце или подигне нешто и тргне во определен правец.
Примери:
Ќе понесеше јадење и цел ден остануваше во својата нива.
Земе на себе (задача, одговорност), преземе, поднесе.
Примери:
Таа постојано одговараше дека е уште премногу млада за да го понесе врз себе бремето на брачниот живот.
Добие, заслужи награда и сл.
Примери:
Тоа е довојката која во неделата вечер на гала церемонија ја понесе титулата Мис на светот.
Опфати, обземе некого нешто.
Примери:
Се стрча, срипа, го понесе паника.
занесе, опие
Примери:
Се пушташе да го понесе таа сладосна замреност.
поносат
Вид збор: Глагол, свршен
Носи малку, кратко време.
Примери:
Детето се измори и таа реши да го поноси.
пронесат
Вид збор: Глагол, свршен
Однесе низ нешто.
Примери:
Неколку силни момчиња ја пронесоа машината на раце низ тесните улици.
(се) фураат
Вид збор: Глагол, несвршен
носи, транспортира, вози, шири
(се фура) се облекува, носи
се занесува, си замислува
Примери:
Сега се фурам дека милото мое ќе ме остави.