пропадне
пропаднат; пропадни, пропаднете; пропаднав, пропаднаа; пропаднал; пропаднала, пропаднат; пропаднев, пропаднеа; пропаднел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2843
1.
Падне длабоко во нешто (дупка, снег, јама).
Примери:
Стапна и ногата му пропадна до глуждот во кал.
Слично со:
падне (св.)
3.
Доживее пропаст.
Примери:
Прекрасни занаети пропаднаа, немаше кој да ги наследи.
Слично со:
изумре (св.)
4.
Не успее, не се исполни (план, надеж, желба).
Примери:
Неговите планови пропаднаа уште при првата средба со девојката.
Пропадна неговата илузија дека сепак еден ден ќе ископа злато.
5.
За конкурс, избор, испит и сл.
Тендерот за нови електрани пропадна поради неточни податоци.
Пропадна конкурсот за нов директор.
6.
Помине залудно, без резултати.
Примери:
Ете, ни пропадна уште еден ден.
7.
Изгуби пари, имот.
Англиски:
bankrupt
Албански:
falimentoj
Му пропаднаа сите пари во една погрешна зделка.
Тој сосема пропадна, нема ни од што да живее.
Слично со:
банкротира (св. и несв.)
8.
Изгуби чувство на достоинство, чест; морално падне.
Примери:
Откако умре жена му, тој пропадна.
9.
Потоне во вода, течност.
Примери:
Бротчето се превртело и пропаднало во близината на пристаништето.
Чамецот се превртел, двајца успеале да се спасат, а двајца пропаднале во езерските длабочини.
Слично со:
потоне (св.)
Изрази
Во земја пропадна - чувство на голем срам и непријатност од нешто.
Изведенки
1.
пропаднува несв.
пропаднуваат
пропаднуваат
2.
пропаднување ср.
глаг. им.
глаг. им.