проповед
мн. проповеди
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 8438
1.
Реч со религиозно-поучен карактер, напишана или изречена, обично в црква по завршувањето на литургијата.
Примери:
Верниците ја слушаа проповедта со внимание.
Зборници со црковни проповеди.
Слично со:
реч (ж.)
2.
Поучна реч, обично здодевна и нерадо слушана.
Примери:
Доста туку ми држиш проповеди.
Слично со:
говор (м.)