а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

протегне

протегнат; протегни, протегнете; протегнав, протегнаа; протегнал; протегнат; (ќе) протегнев, (ќе) протегнеа; (ќе) протегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8407
1. спружи, растегне
Англиски: stretch Албански: shtrij, zgjat
Примери:
Протегнаа ортома од едниот крај на дворот до другиот.
Работниците ја протегнаа металната жица на улицата.
2. Истегне раце, нозе, снага.
Англиски: stretch Албански: shtrij
Примери:
Девојчето ги протегна своите рачиња кон мајката.
Тој силно ги протегна нозете и стана.
3. (се протегне) Обично за простор.
Англиски: spread Албански: shtrij, zgjas
Примери:
По падините на планината се протегнал шумски појас.
4. (се протегне) Истегне снага, дел од телото, се тегне.
Англиски: stretch Албански: shtrij
Примери:
Стана, силно се протегна и прошета низ собата.
Изведенки
1. протегнува несв.
(се) протегнуваат
2. протегнување ср.
глаг. им.