протегне
протегнат; протегни, протегнете; протегнав, протегнаа; протегнал; протегнат; (ќе) протегнев, (ќе) протегнеа; (ќе) протегнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 8407
1.
спружи, растегне
Англиски:
stretch
Албански:
shtrij, zgjat
Протегнаа ортома од едниот крај на дворот до другиот.
Работниците ја протегнаа металната жица на улицата.
Слично со:
спружи (св.)
2.
Истегне раце, нозе, снага.
Примери:
Девојчето ги протегна своите рачиња кон мајката.
Тој силно ги протегна нозете и стана.
Слично со:
истегне (св.)
3.
(се протегне) Обично за простор.
Англиски:
spread
Албански:
shtrij, zgjas
По падините на планината се протегнал шумски појас.
4.
(се протегне) Истегне снага, дел од телото, се тегне.
Примери:
Стана, силно се протегна и прошета низ собата.
Изведенки
1.
протегнува несв.
(се) протегнуваат
(се) протегнуваат
2.
протегнување ср.
глаг. им.
глаг. им.