shatter - онтологија

дроби повеќе

дробат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се дроби) Се ситни.
Албански: grimcon
Примери:
Мразот се дробеше во ситни парчиња.

заплуска повеќе

заплускаат
Вид збор: Глагол, свршен
За стакло и сл. - почне да пука, да прска, да се крши со карактеристичен звук.
Албански: thyej
Употреба: Дијалектен збор
Примери:
Огледалото заплуска од силниот удар.

здроби повеќе

Види и: дроби (несв.)
здробат
Вид збор: Глагол, свршен
(се здроби) Стане ситен, на помали делови.
Албански: imtësoj
Примери:
Чашата се здроби на ситни парчиња.

искрши повеќе

искршат
Вид збор: Глагол, свршен
(се искрши) Се скрши, се раздели на парчиња.
Албански: thehet
Примери:
Се искрши прозорецот на многу парчиња.

испрска повеќе

испрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Пукне сосема.
Албански: pëlcas

испрсне повеќе

Види и: прсне (св.)
испрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Почувствува големо душевна страдање.
Албански: plas, pëlcas
Употреба: Преносно значење
Примери:
Срцето и испрсна од болка.

крши повеќе

кршат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се крши) Се распарчува, се рапаѓа на делови.
Албански: thej
Примери:
Се крши стаклото.

напрсне повеќе

напрснат
Вид збор: Глагол, свршен
Прсне малку без да се раскрши.
Примери:
Чашата напрснала.

плусне повеќе

плуснат
Вид збор: Глагол, свршен
(за стакло) се скрши
Албански: përplaset, thehet
Примери:
И од тоа плуснал џамот.

поиспрска повеќе

Види и: испрска (св.)
поиспрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
Испука целосно.
Албански: thyej
Примери:
Целата инсталација поиспрска.

прска повеќе

прскаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се разбива, се распаѓа на честички, на парчиња при експлозија, кршење.
Албански: thyej
Примери:
Насекаде прскаа гранати.

прсне повеќе

прснат
Вид збор: Глагол, свршен
Се скрши со прскот.
Албански: thyej
Примери:
Од топлата вода чашата прсна.

пукне повеќе

пукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Се распрсне со пукот (експлозивно тело, мина).
Албански: shkatërroj
Примери:
Пукна граната во близината на селото.

разбие повеќе

разбијат
Вид збор: Глагол, свршен
повреди, разруши, расипе
Албански: lëndoj
Примери:
На таа удолница ја разби колата.
(се разбие) Распрсне се од удар.
Албански: godas
Примери:
Брановите се разбија од брегот.
(се разбие) Се скрши, се распадне на парчиња.
Албански: coptojë
Примери:
Нешто тропна, сигурно се разбило некое стакло.

раздроби повеќе

Види и: дроби (несв.)
раздробат
Вид збор: Глагол, свршен
Разбие на ситни парчиња.
Албански: gërric, copëtoj

раскрши повеќе

раскршат
Вид збор: Глагол, свршен
Скрши, разбие на два или повеќе делови.
Албански: thyej
Примери:
Го раскршил царот лебот.

распарампарчи повеќе

распарампарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи парампарче, уништи до ситни делови.
Примери:
Децата ги распарампарчија играчките.
Уништи некој углед, позиција и сл.
(се распарампарчи) Се уништи, сосем се распарчи.
Примери:
Целата зграда се распарампарчи.

распарча повеќе

Види и: распарчи (св.)
распарчат
Вид збор: Глагол, свршен
Направи на парчиња.
Албански: copëtoj, ndaj
Примери:
Го распарчија имотот.
(се распарча) Се направи на парчиња.
Албански: copëtoj
Примери:
Се распарчило шишето.

распарчи повеќе

распарчат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распарчи) Се направи на парчиња, се искрши, се уништи.
Примери:
Чашата падна и се распарчи.

распарчоса повеќе

Види и: парчоса (св.)
распарчосаат
Вид збор: Глагол, свршен
распарчи

распрска повеќе

Види и: распрсне (св.)
распрскаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распрска) се распрсне
Албански: shpërthej, coptoj

распука повеќе

распукаат
Вид збор: Глагол, свршен
(се распука) се расцепи, се распрсне, се распадне
Албански: thyej
Примери:
Земјата се тресеше и карпите се распукаа.

распукне повеќе

Види и: распука (св.)
(се) распукнат
Вид збор: Глагол, свршен
(се) распука

рути повеќе

Вид збор: Глагол, несвршен
руши, урива, крши, кутина, кутка
Албански: prish, rrënoj
Употреба: Ретко
(се рути) се руши
Албански: prishet, rrënohet
Употреба: Ретко
Примери:
Се рути камен по камен; се рути карпа - мрак! (Рацин)

руши повеќе

рушат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се руши) се уништува, се сосипува, се растројува
Албански: shkatëron
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сега дури се рушат сите наши надежи.

создроби повеќе

создробат
Вид збор: Глагол, свршен
здроби
Употреба: Народна поезија
Примери:
Бојно копје ќе создробам.

спрсне повеќе

спрснат
Вид збор: Глагол, свршен
(обично со други глаголи) Наеднаш, нагло почне некое дејство; прсне.
Албански: shpërthen
Примери:
Спрсна да бега.