пука
пукаат; пукаше; пукал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1081
1.
При кршење добива пукнатини, проследено со пукот.
Примери:
Мразот полека пукаше во средината на езерото.
Земјата пукала од суша.
2.
Прави, произведува пукот, специфичен звук.
Примери:
Во огништето цела ноќ пукаа гламните.
Ударите на камшикот пукаа во воздухот.
3.
Стрела со огнено оружје на некого или во некоја цел.
Примери:
Војската пукаше во голоракиот народ.
Полицајците пукале во воздухот како предупредување.
Во селото пукале пушки цел ден.
Слично со:
стрела (несв.)
4.
Експлозивно тело, мина и сл. се распрска со пукот.
Примери:
Цела ноќ силно пукаа гранати.
Слично со:
експлодира (св. и несв.)
5.
Прави движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање.
Примери:
Пука со прстите.
Си ги пука прстите.
6.
Прави пуканки од пченкарни зрна.
Примери:
Пуканките пукаа во решетото.
7.
Почнува, дојде, се појави нешто - годишно време, природни појави.
Примери:
Надвор силно пукна сонце.
Пукна зората, се разденува.
Слично со:
дојде (св.)
8.
Се распрсне од силен интензитет, од преполнетост и сл.
Примери:
Плакарите пукаат од облека.
Презреаните мешунки пукаат на сонцето.
Слично со:
распрсне (св.)
Изрази
Пука / пукне од смеа - многу се смее.
Пука / пукне од јад (од мака) - многу се нервира, се јадосува.
Пука од здравје - многу е здрав.
Камен и дрво пука - многу е студено.
Душава (срцето) ми (ти, му,...) пука (за некого или за нешто) - многу жали за некого или за нешто.
Му (ти, ми,...) пукаат ушите - многу е гладен и брзо и лакомо јаде.
Пука во ветер - пука на празно, напразно прави некоја работа.
Пука на големо - има големи амбиции.
Главата му (ти, ми,...) пука - има силна главоболка.
Главата му (ти, ми,...) пука - има нерешив проблем.
(посл.) Јазик клука глава пука - човекот страда од тоа што е кажано, што се зборува.
Пука / пукне некого - намерно нервира.
Пука од горештина - многу е жешко (за време).
Не пука на врзан зајак - не го посакува тоа што е туѓо, зафатено.
Изведенки
пукање ср.
глаг. им.
глаг. им.