пукне
пукнат; пукни, пукнете; пукнав, пукна, пукнаа; пукнал; пукнат; (ќе) пукнев, (ќе) пукнеа; (ќе) пукнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 1854
1.
При кршење добие пукнатини, проследено со пукот.
Примери:
Стомната пукна, се скрши и истече водата од неа.
Пукна водоводна цевка.
2.
Направи да се чуе пукот.
Примери:
Камшикот пукна застрашувачки во воздухот.
3.
Истрела со огнено оружје, куршум, граната и сл.
Примери:
Полицаецот пукна во бегалецот.
Војникот пукна во воздух како предупредување.
4.
Се распрсне со пукот (експлозивно тело, мина).
Англиски:
shatter
Албански:
shkatërroj
Пукна граната во близината на селото.
5.
Во медицината - се отвори дел од телото (оган, обично чир).
Примери:
На детето му пукнало слепото црево.
На стариот вчера му пукна чирот, па се растрчавме по болница.
6.
Направи движење со прстите (обично со показалецот и средниот прст) предизвикувајќи звук на пукање.
Примери:
Пукна со прстите повикувајќи го келнерот.
7.
Почне, дојде, се појави нешто - годишно време, природна појава.
Примери:
Надвор силно пукнало сонце.
Пукна пролет, сѐ се раздвижи.
Изрази
Пукна од смеа - се изнасмеа.
Душава ми пукна - страшно се нервирам за нешто, имам голема мака.
(ирон.) Срцето ми пукна за некого - не ми е гајле за некого.
Жолчка да ти пукне (од мака) - многу тешка, напната ситуација.
Главата му (ти, ми, ...) пукна - има силна главоболка.
Главата му (ти, ми, ...) пукна - има голем нерешлив проблем.
Го пукна - намерно изнервира некого.
Пукна брука (срам) - се расчуе непријатна, срамна работа за некого.
Нека пукнат душманите - можат да ми завидуваат колку сакаат.
Му пукна филм - не може повеќе да поднесе нешто што се случува.
Уште очите не му се пукнати - сега скоро е умрен.
Пукна ѓаволот - се прекина злото.
Ќе пукне грнето - ќе се растури работата некому.
Пукна пердето - пукна срам.
Пукна мразот - тргна работата.
Изведенки
1.
пукнува несв.
пукнуваат
пукнуваат
2.
пукнување ср.
глаг. им.
глаг. им.