пули
пулат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 5173
2.
Пролетно разлистување на шумата.
Примери:
Гората пули.
3.
(се пули) Гледа, се загледува во некого или нешто.
Примери:
Што се пулиш така во човекот?
Невестата само се пули.
Изрази
Пули риба, макај кромид - кога нема доволно за јадење, мора да се задоволиме и со послабото јадење.
Кога лажеш, кај се пулиш? - се вели на некој што очигледно лаже.
Му се пулам на умот - му се чудам на постапката, како може така да постапи кога очигледно греши.
Се пули како мачка на риба - желбата за нешто му се гледа од очите.
Изведенки
пулење ср.
глаг. им.
глаг. им.