разведе
разведат; разведи, разведете; разведов, разведоа; развел; разведев, разведеа; развел; разведен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 9852
1.
Поведе некого на разни страни.
Примери:
Ги разведе гостите низ стариот дел на градот.
2.
Раскине брак на некого.
Примери:
Гледаше на секој начин да ги разведе младите сопружници.
3.
(се разведе) Раскине брак, се развенча.
Примери:
Се разведовме уште пред две години.