водат
Вид збор: Глагол, несвршен
(се води) Оди заедно со некого држејќи се еден за друг.
Примери:
Се водат за рака како младенци.
врват
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди, поминува без запирање, со ист чекор покрај нешто, некаде.
Српски:
ходати
Албански:
ecë
Бугарски:
вървя
Примери:
Секој ден врви оттаму.
Вид збор: Глагол, свршен
Со одење стигне до определено место, до крај.
Примери:
Го доодуваше патот кон планината.
дошетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Заврши со шетањето.
Албански:
mbaroj shëtitjen
Примери:
Дошетав по светот и се вратив дома.
Дојде, стигне некаде шетајќи.
Албански:
arrij duke shëtit
Примери:
Дошетавме до кејот.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да врви.
Примери:
Околу ридот заврвија војници.
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди.
Примери:
Луѓето полека заодија кон црквата.
зашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да шета.
Албански:
fillon të shëtis
Примери:
Излезе и зашета низ дворот.
исшетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине низ повеќе места.
Примери:
Исшета повеќе земји со танцувачката група.
Вид збор: Глагол, свршен
(се наврви) Помине долго време во врвење, во одење.
нагазат
Вид збор: Глагол, свршен
(се нагази) Помине долго време во газење.
Примери:
Се нагазивме кал.
(се) нашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине доволно време во шетање, со шетање се задоволи.
Примери:
Откако се нашетаа и се наиграа, се прибраа дома.
(се) нуркаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Оди несигурно, се порева.
Примери:
Старецот нуркаше лево-десно, се прикрепуваше на ѕидот, барајќи место да седне.
одат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек и за животни - се преместува движејќи се со нозете, чекорејќи.
Српски:
ходати
Албански:
ecë
Бугарски:
ходя
Примери:
Одевме по вистинскиот пат.
Вид збор: Глагол, свршен
Врви кратко време.
Примери:
Не поврвеа долго и свртеа на една широчинка.
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета некого малку, некое време.
Примери:
Таа го попрошета детето во паркот.
Прошета малку, некое време.
Примери:
Ајде да попрошетаме низ градот.
(се попрошета) Се прошета малку, некое време.
Примери:
Вечерта тој се попрошета малку низ дворот.
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета малку, некое време.
Примери:
Тој порашета низ собата.
(се порашета) Се прошета малку, некое време.
Примери:
Стани малку, порашетај се.
поскитаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета малку.
Примери:
Иди поскитај малку за да се смириш.
Вид збор: Глагол, свршен
За дете - научи да оди, почне да оди.
Албански:
filloj të ecë, merr këmbët
Примери:
И двете дечиља проодеа пред годината.
пропешачат
Вид збор: Глагол, свршен
Помине со пешачење определено растојание.
Примери:
Пропешачивме до дома.
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета некое место, скитајќи, шетајќи.
Примери:
Го проскита светот, дома не се заврте.
Вид збор: Глагол, свршен
Прави прошетка; оди, се движи за разонода, одмор и сл.
Примери:
Тој прошета малку низ градот.
(се прошета) Си направи прошетка.
Примери:
Тој се прошета низ паркот.
разведат
Вид збор: Глагол, свршен
Поведе некого на разни страни.
Примери:
Ги разведе гостите низ стариот дел на градот.
(се) разодат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди (после долго седење).
Примери:
И фати да го носи, за да се разоди.
рашетаат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета некого.
Примери:
Рашетајте го малу детево.
(се рашета) се прошета
Примери:
Излезе да се рашета.
Вид збор: Глагол, несвршен
тргнат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне да оди од место на место, да обиколува.
Примери:
Тргна по села и градови.
чекорат
Вид збор: Глагол, несвршен
(непреод.) Оди, се движи со чекори.
Примери:
Чекори ситно.
шавнат
Вид збор: Глагол, свршен
Излезе на прошетка од дома, се прошета, се раздвижи.
Примери:
Вечер ќе шавнам малку.
шетаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Прави прошетка, оди, се движи со цел за одмор, разонода и сл.
Примери:
Секоја вечер шетаа во паркот.
(безл.) Води некого на прошетка.
Примери:
Ги шетав децата.
шетнат
Вид збор: Глагол, свршен
Прошета, отиде на прошетка, направи прошетка.
Примери:
Шетни малку.