а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

разгори

разгорат; разгоре, разгорел; разгорен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7207
1. Направи да гори силно.
Англиски: kindle Албански: ndez
Примери:
Јас веќе ќе го разгорам огништето.
Го разгоре огнот.
2. Возбуди силни чувства или енергија.
Англиски: rouse Албански: zgjoj, ndez
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа уште повеќе ја разгори нивната омраза кон сѐ што е напредно.
3. (се разгори) Почне силно, добро да гори.
Англиски: blaze Албански: flakëroj, ndez
Примери:
Се разгоре најпосле огнов.
Се разгоре пожарот.
4. Се пројави со голема сила, се развие.
Англиски: heighten Албански: zmadhoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Борбата се разгоре.