раздвои
раздвојат; раздвој, раздвојте; раздвоив; раздвоија; раздвоил; раздвоен; (ќе) раздвоев, (ќе) раздвоеја; (ќе) раздвоел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 6620
2.
Оддели еден од друг или едно нешто од друго; раскине брак, разведе сопрузи.
Примери:
Така се беа фатиле, што одвај успеавме да ги раздвоиме.
Судот ги раздвои.
3.
Внесе раздвоеност, разединетост.
Примери:
Таквата политика на режимот го раздвои народот.
Слично со:
разедини (св.)
4.
(се раздвои) Се раздели на делови.
Примери:
Кога стигна војската до раскрсницата, се раздвои на повеќе групи.
5.
(се раздвои) Престане да е заедно со некого; прекине врски или односи со некого, се разведе.
Примери:
Уште тогаш се раздвоивме со брата ми.
6.
Стане противречен.
Примери:
Не можеа да бидат повеќе во една група, погледите им се раздвоија.